„Скопска“ со нов дизајн

574

ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн.

Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички.

Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.

„Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата. ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги“, соопшти ЈСП.

Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.

Раководството на претпријатието е уверено дека сите овие новини ќе придонесат за значително зголемување на квалитетот на јавниот превоз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...