„Скопска“ освен во 32 билетарници на ЈСП Скопје од наредната недела ќе може да се надополнува на нови 60 места.
ЈСП Скопје информира дека до денеска оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа сместени во маркети трафики и на други фреквентни места во во градот. Планирано е до среда(6.06.2018) во функција да бидат ставени уште 15 апарати.
Од Јавното сообраѓајно претпријатие информираат дека од 28.05.2018 истекол договорот со фирмата-мастер дилер за продажба на услугите и од тогаш се почнато со оспособување на апаратите во секундарната продажна мрежа.
Во меѓувреме, ЈСП Скопје објави јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири.
-На колку дополнително места ќе може да се купува/надополнува „Скопска“ независно од досегашната развиена мрежа, ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка – велат од ЈСП.
Од ЈСП велат дека очекуваат во скоро време секундарната мрежа за продажба на услуги да се прошири за значителен број локации.