Скопската полиција фати двајца вработени во УБК со марихуана

1616

Пред три дена, скопската полиција на улицата „Козле“, извршила преглед кај двајца скопјани на возраст од 26 и 28 години, кои се вработени во УБК, и кај нив пронашла марихуана.

Таа е одземена, но од МВР засега не соопштуваат за колкава количина станува збор.

Претресот на вработените од УБК бил напред додека тие биле со возило „опел корса“.

Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот известено е и скопското обвинителство.

Во рамки на МВР, пак, е поведена дисциплинска постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...