Скопската полиција во акција: Синоќа 27 возачи останаа без возачки

530
Фото: МВР

Во текот на ноќта, од 23 часот синоќа до 5 часот утрово, скопската полиција беше во акција за фаќање и казнување на возачи кои возат под дејство на алкохол.  

„Кај 33 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи. Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози“, соопшти СВР Скопје.

Полицијата казнуваше и за брзо возење за што, пак, регистрирани 28 прекршоци за кои издаде и казни.

„Пајакот“, пак, во текот на ноќта подигнал 43 возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...