Скопската Зоо ќе добие детски „Авантура парк“

Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот, изјави директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

104

Скопската зоолошка градина на пролет ќе биде збогатена со детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

Паркот, како што соопштија од Зоолошката градина, ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик: лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини.

– Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот, изјави директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...