Ќе почне процес скопската Зоолошка градина да биде целосно адаптирана за лица со оштетен вид. Ова денеска е договорено на средбата на директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски, со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид-Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.
– Мислам дека ќе бидеме прва Зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација – изјави Галетановски.