Скокнал во Водопадите на Нијагара од 50 метри височина и преживеал

270
ФОТО: МИА

Човек намерно се фрлил во Водопадите на Нијагара, од 50 метри височина, а потоа бил пронајден жив и здрав, соопшти вчера канадската полиција.

Полицијата примила повик и интервенирала завчера во четири часот наутро, по дојава дека човек се бори со водите на водопадите.

Човекот има полесни повреди и е префрлен в болница, а засега не се знае причината на таквиот негов потег.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...