Скенирани лични карти и пасоши на гласачи на ВМРО-ДПМНЕ за изборните нерегуларности се прикажуваат во судница

728

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, од утрово во судницата во Кривичниот суд во Скопје ги чита и презентира материјалните докази во предметот „Титаник” кој се однесува на изборни нерегуларности во неколку изборни циклуси.

Меѓу доказите кои Стефанова ги презентира денеска се барања за издавање на нови лични карти на гласачите, скенирани уплатници, пасоши… Досега се презентирани околу 2.000, а вкупната бројка на материјални докази на СЈО во овој предмет е околу 5.900.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...