Новиот британски премиер Борис Џонсон, кој денеска од кралицата Елизабета Втора треба да добие мандат за таа функција, му понудил на досегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант да биде министер за одбрана во новата влада.
„Скај“ објави дека Хант, кој вчера од Џонсон ја загуби трката за нов лидер на Конзервативната партија, ја одбил таквата понуда.
Се наведува дека Џонсон по преземањето на должноста ќе започне со избор на нови членови на кабинетот.
ФОТО: telegraph.co.uk