Горан Каран се откажал од „Дора“, хрватскиот натпревар за Евровизија. Тој сам ја донел одлуката после притисокот од јавноста.
Имено, од настапот се откажал бидејќи, како што пренесуваат хрватските медиуми, некои тврдат дека песната со која тој би се натпреварувал, веќе ја извел на концерт во Босна и Херцеговина, а правилата налагаат песната при изведување на „Дора“, да не се изведува никаде, ниту да се објави.
Каран пак тврди дека досега песната никаде не е изведена.
– Една, различна верзија на песната, која ја нареков „My Legacy is Love“ ја изведов на концерт во Босна и Херцеговина. Исто така, важно е да напоменам дека песната не е објавена во својата оригинална верзија – рекол Каран.
– Она што би сакал да го нагласам е дека мојата причина за занимавање со музика и мојата цел никогаш не била, не е и нема да биде – натпреварувачка. Од таа причина одлучив да ги демантирам сите можни погрешни толкувања, па песната „My Legacy is Love“ ја повлекувам од „Дора“. На тој начин сакам да не оставам простор за било какви контроверзии и нуспојави, бидејќи, како што се вели во стиховите „Моето наследство е – љубов“ – заклучил Каран.
FOTO: Instagram/Printskrin