Пејачката Ана Миленковиќ се натпреварува на овогодинешната „Беовизија“ со песната „Тајна“, меѓутоа околу истата нумера избувба вистински скандал кога евровизиските обожаватели започнаа во голем број да коментираат дека песната содржи мелодија од еден цртан филм.
Евровизиските фанови во голем број коментираат дека ја препознале темата од цртаниот филм „Х-Мен“ во песната „Тајна“, за која Ана Миленковиќ ќе се обиде да добие пласман во Евровизија, која ќе се одржи во мај во Холандија, пишува српски „Курир“.
Поради тоа, многумина напаѓаат и негативно коментираат на социјалните мрежи.
Патем, Ана Миленковиќ беше дел од групата „Бјути квинс“, која настапуваше со Марија Шерифовиќ на Евровизија во 2007 година, кога пејачката победи.
Пред само неколку дена, „Бевизија“ ја потресе уште еден скандал. Имено, Автономниот женски центар реагираше поради песната „Свадба голема“, која ја изведуваат Бора Дугиќ и Балкубано, а во своето соопштение навеле дека споменатата нумера повикува на насилство врз жените.
РТС веднаш реагирал и соопштил дека текстот на песната е изменет, и дека песната ќе остане во натпреварувањето.
OK but can we discuss that ‘Tajna’, Ana Milenković’s song in Serbia’s national selection, clearly includes the main theme song to X-Men: The Animated Series in its instrumentation? #beovizija2020 pic.twitter.com/FXGERkU7I1
— ESCAerial: Another Eurovision Reaction Channel (@EscAerial) February 13, 2020
ФОТО: 24sata.hr/Printskrin