Обезбедувањето направило необична грешка бидејќи не го препознале момчето со кое Кејт Мос се забавува од 2015 година.
Момчето на Кејт Мос „настрадало“ пред почетокот на ревијата на Диор во Париз, бидејќи некој од обезбедувањето кое ја следело славната манекенка не го препознало па го нападнале зборувајќи му дека е „полуден обожавател“.
Обезбедувањето го оттргнал Николај Леополд Арчибалд (32) од Кејт Мос и од нејзините ќерки, но и тој исто така бурно реагирал.
Николај му возвратил на човекот кој го оттргнал од Кејт, а видеоснимката стана повеќе од вирална. Причината за тоа е и реакцијата на Мос која не се возбудила поради овој настан предизвикан поради неа, што јавно се гледа на видеото кое неколку луѓе го објавија на Твитер.
Николај е британско-германски фотограф, а со Кејт во моследните неколку години преживеа тешки моменти.
Николај ѝ беше поддршка кога во октомври 2017-та година славната манекенка беше на лекување од алкохол во „The Cabin in Chiang Mai“ установа во која се лекуваат зависници од дрога и алкохол.
Кејт за еден месец, за своето лекување во таа институција во Тајланд потрошила 10.000 фунти.
#PFW Jamie Hince membre du groupe The kills aussi connu pour être l’époux de Kate Moss à pris part à une violente altercation avec un membre de la sécurité du défilé Dior qui l’aurait pris pour un Fan pic.twitter.com/tHZu2Jlkxn
— Celebrities in Paris (@celebsinparis) June 21, 2019
FOTO: Instagram/Printskrin