Скандал се случил на Евровизија која се одржа во Тел Авив, откако во интервју белоруското жири открило како се одлучило за гласовите, а тоа е строго забрането, јавуваат медиумите.
Белорусија која заврши на претпоследно место е дисквалификувана.
– Едногласно одлучивме за тројца победници. Немавме многу различни мислења околу првите 6,7. Мислевме цели десет минути – рекле од жирито.
Тие откриле дека првиот член го дал гласот на Австралија, потоа Естонија, Грција па Грузија.
ФОТО: KAN / EUROVISION