Скандалозна аудио снимка за која се тврди дека градоначалникот Курто Дудуш тепа вработен во опшината

759

Во медиумите се појави аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.

Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил свиркач.

– Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа – вака почнува аудио снимката, која свиркачот ја доставил до редакцијата на Лидер.

Понатаму се слуша како наводно градоначалникот Курто Дудуш го прашува тепаниот зошто го пцуел „на сред центар” и почнува физички да го малтретира. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на човекот, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Официјална реакција за ова засега нема од истражните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...