Си Џинпинг: Независноста на Тајван може да доведе до безизлез

115

Кина не ја исклучува можноста за употреба на сила кон Тајван, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека земјата ќе биде повторно обединета.

– Пекинг има право да ги употреби сите неопходни средства против надворешните сили, кои го спречуваат мирното обединување на Кина и поддржуваат сепаратистички дејствија – предупреди Си.

Тој истакна дека „никој не може да го смени фактот дека Тајван е дел од Кина и дека луѓето од двете страни на Тајванскиот проток треба да се стремат кон повторно обединување“.

– Независноста на Тајван може да доведе само до безизлезна состојба. Мирното решение на тајванското прашање е сигурен пат кон зачувување на безбедноста и мирот во регионот – нагласи кинескиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...