Си префрлале пари на своја сметка од картичка на Радовишанец, добија кривични

610

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против П.М.(19) и В.А.(18), двајцата од село Куклиш, Струмица за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Првопријавениот прибавил банкарски податоци од платежната картичка сопственост на Б.К.. од Радовиш, по што на 23 март 2019 второпријавениот, ги употребил ваквите податоци, и во три наврати, преку интернет сервисот на „PaySend“, извршил пренос на пари на сопствената сметка. По ова, на 24.03.2019 година од банкомат во Струмица, истиот ги подигнал паричните средства, и половина од износот му дал на првопријавениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...