Си оди шефот на протоколот на Трамп, наводно причината е истрага

75
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Шефот на протоколот на Белата куќа, Шон Лолар ја напушта администрацијата точно пред да замине претседателот Доналд Трамп на средбата на врвот на Г-20 во Јапонија.

Според висок претставник од администрацијата кој побарал анонимност, Лолар ја напушта функцијата заради истрага за начинот на кој го раководи својот тим. Тој не дал повеќе детали за случајот.

Засега не е јасно кој ќе ја преземе таа улога во време на претстојни посети на Трамп на Јапонија и Јужна Кореја. Трамп заминува денеска за Источна Азија.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...