Си го отсекол прстот бидејќи гласал за погрешна партија ВИДЕО

Сакал да гласа за регионалната партија, но го збуниле симболите на машината за гласање.

347

Паван Кумар од Индија си го отсекол прстот откако сфатил дека гласал за погрешна политичка партија.

Кумар изјавил дека по грешка гласал за владејачката партија Баратија џаната. Овој бизарен чин го снимил, а видеото стана вирално. Сакал да гласа за регионалната партија, но го збуниле симболите на машината за гласање.

Оваа била втората фаза на гласањето на изборите.

– Сакав да гласам за слонот, но по грешка гласав за цветот – рекол Кумар во видеото, мислејќи на партиските симболи кои се наоѓаат веднаш до името на кандидатот на списоците.

Симбол на партијата Баратија џаната е лотус, а слон е на партијата Бахујан самај.

Партиските симболи играат голема улога на изборите во Индија, бидејќи полесно се идентификуваат во земјата каде што има голем процент на неписмено население. На изборите учествуваат голем број регионални партии и коалиции, што често ги збунува гласачите.

Резултатите од изборот ќе бидат објавени на 23 мај. Право на глас имале 900 милиони гласачи поради што ова се најголемите избори досега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...