Сиљановска: Ќе ги потпишувам документите, но нема да го користам името Северна Македонија

Ќе направам се со сите правни аргументи да го повратиме името, рече Сиљаноска.

1120

Не можам да го поништам Преспанскиот договор, но сметам дека е лош, асиметричен договор, тој е спротивен на меѓународно право и е спротивен на Уставот на земјава, изјави вечерва Сиљановска на последниот дуел со Пендаровски.

– Кога ќе треба да потпишам нешто ќе го потпишам се додека тоа име ќе постои, но јас името Северна Македонија нема да го користам. Ќе направам се со сите правни аргументи да го повратиме името – рече Сиљаноска.

На ова противкандидатот Стево Пендаровски прокоментира дека конечно Сиљановска изјавила дека некако го прифаќа Преспанскиот договор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...