Силјановска: Промената на име и идентитет не е реформа, јас ќе бидам претседателка за народот

253

Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот, порача кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова која денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.

При посетата Сиљановска Давкова посочи Кичево за нејзе е град кој што има посебно место во нејзиното срце.

– Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање – изјави Сиљановска.

Силјановска додаде дека Македонија заслужува промени.

– Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот – порача Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...