Мислам дека доволно ги инспирирав граѓаните во првиот изборен круг за да излезат и во вториот изборен круг, изјави денеска во Ваташа, кандидатката за претседател Гордана Сиљановска – Давкова.
-Мислам дека во вториот изборен круг ќе бидат похрабри оние врз кои се вршеше притисок исто така мислам дека во вториот изборен круг оние што имаа дилеми, ги разрешија дилемите. Јас веќе настапив во „Јавна соба“ разговарав отворено и спремна сум со сите да се соочам. Оние кои мислеа дека не вреди да се излезе на овие избори, охрабрувачки е, ги гледате дебатите и не би сакала да ги коментирам. Јасен е резултатот, мислам дека сме на прав пат и дека на 5-ти мај ќе има основ да се слави, и не зошто за прв пат жена победила во Македонија на претседателски избори, туку затоа што јас верувам дека треба да се вреднува знаењето, умот, одговорноста, блискоста до граѓаните, скромноста ако сакате и дека тоа е демократската добитна комбинација – рече Сиљановска.
Таа додеда дека граѓаните го имаат нејзиниот збор дека од првиот ден ќе биде со нив.