Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска на финалното соочување на ТВ 24 го обвини Пендаровски дека за лични интереси одработувал за сите.
– Вие за лични интереси сте играле со сите и сте одработувале за сите. Вие не сте напривиле ништо кога беше прекината истрагата за обидот за убиство на Глигоров. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со Трајковски – рече Сиљановска.