Сијарто: Одложувањето на преговорите беше многу нефер за вашата земја

241

Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват.

Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска престојува во посета на нашата држава.

Унгарија, посочи Сијарто, процесот на проширување на ЕУ го смета за еден од најважните и веруваме дека проширувањето на ЕУ кон регионот на Западен Балкан е во вистински интерес на Унијата, како економски така и безбедносен.

– Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата за евроинтеграција – изјави Сијарто.

Посочи дека Унгарија ќе продолжи со поддршка на нашата земја за успешна евроинтеграција, како и за стабилноста на границата, каде веќе се распоредени заеднички сили.

– Ние сме за итен почеток на пристапни преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ние сме соседна земја на овој регион и сме многу осетливи по ова прашање и го знаеме значењето за проширување, а ЕУ во овој регион и ја знаеме разликата меѓу стабилна и нестабилна состојба во овој регион – изјави Сијарто.

Прашан во однос на дадениот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, Сијарто рече дека неговото присуство во Унгарија го гледа како правно прашање и нема никаква врска со надворешната политика на Унгарија.

– Верувајте ние сме едни од најголемите поддржувачи на вашата земја како јавно, така и зад затворени врати и тоа ќе продолжи и понатаму – изјави Сијарто.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи рече дека средбата е посветена на евроинтеграциските работи на која ќе се разговара извештајот ЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...