Сијарто: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски

743

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски.

Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.

Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски „целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни“.

Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за имиграција и азил во Будимпешта.

Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Сијарто со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.

– За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија – рече Сијарто.

Тој, исто така, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека тоа не е политичко, туку правно прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...