Сијамски близнаци успешно одвоени во Загреб, 14мина лекари ги оперирале 15 часа (ВИДЕО)

Ова е втор случај на светот каде близнаци беа споени со црниот дроб и со цревата. Во првиот случај преживеа само еден од близнаците, а нашите девојчиња се живи и засега напредуваат добро - изјавила д-р Ружа Грижељ за ,,Јутарњи лист”.

292
ФОТО: Принтскрин

Во Клиничко-болничкиот центар „Ребро“ во Загреб 14мина лекари успешно одвоија сијамски близнаци, кои ги оперирале цели 15 часа.

Валентина и Кристина се родени споени во долниот дел од градниот кош и имале  заеднички црн дроб и црева. Нивното одделување, според лекарите, било една од најкомплицираните медицински процедури. За само два месеца од операцијата, девојчињата добро напредуваат – нивната тежина е двојно зголемена.

Освен што бебињата се родиле споени, проблем било тоа што тие се родиле предвреме и со неизбалансирана циркулација. Според лекарите, станува збор за многу редок случај – досега се забележани околу 16 отсто на близнаци со споени црева, а Кристина и Валентина биле поврзани и со црниот дроб и со цревата.

– Ова е втор случај на светот каде близнаци беа споени со црниот дроб и со цревата. Во првиот случај преживеа само еден од близнаците, а нашите девојчиња се живи и засега напредуваат добро – изјавила д-р Ружа Грижељ за ,,Јутарњи лист”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...