Сијамски близнаци родени пред речиси три недели починале откако обидите да се обезбеди потенцијална евакуција за спасување на нивните животи, не успеале.
Како што пренесува „Телеграф“, министерот за здравство изјавил оти смртта на близнаците ја одразува ситуацијата со која децата во Јемен се соочуваат како резултат на војната.
Абделхалек и Абделкарим биле родени во болница на која и недостасувала опрема поради години бомбардирање и блокади.
Нивниот доктор молел тие да бидат евакуирани во болница со опрема каде ќе може да имаат третман за да се спасат.
– Тие мора да патуваат веднаш. Нема да преживеат во Јемен под социјалните, политичките и економските околности овде – рекол докторот.
Ниту еден цивилен лет не тргнал од Сана од 2015 година. Единствените летови на кои им е дозволено да влезат и да излезат, се оние на Обединетите Нации.
И покрај обидите на саудиска организација, Центарот за помош и хуманитарни дела на кралот Салман, за да се обезбеди потребната медицинска нега, не бил пронајден начин околу блокадата.
