Манчестер Сити продолжува да го притиска Ливерпул и ги симна „црвените“ од врвот во Премиер лигата.
„Граѓаните“ синоќа победија на гостувањето кај Евертон со 2:0 во одложен натпревар и се израмнија по поени со Ливерпул.
И двата тима имаат по 62, но „небесносините“ се со 6 гола подобра гол разлика и така барем привремено шампионите ќе бидат лидери, макар и со натпревар повеќе од противникот.
Фудбалерите на Пеп Гвардиола не создадоа многу шанси, но генерално го контролираа дуелот на „Гудисон Парк“ откако стигнаа до успехот со головите на Ајмерик Лапорт и Габриел Жезус на крајот од двете полувремиња.
Освен тоа „карамелите“ потврдија дека не се во форма, откако скоро ништо не направија во нападот и логично загубија по 7-ми пат во последните 10 натпревари и остануваат со 33 поени.