Сите 27 деца од Мајчин дом Битола преселени во пет домови

Сега ни останаа само уште 11 деца постари од три години и тие до крајот на годината ќе бидат згрижени во топол дом. Грижата за децата продолжува со многу поголема посветеност и љубов, изјави министерката Царовска.

117

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик претседателката на Влада, Радмила Шекеринска и градоначалничката на Битола Наташа Петровска денеска посетија уште три од вкупно петте групни домови во кои се сместени деца до 3 годишна возраст од Мајчин дом во Битола.

– Со отворањето на овие пет групни домови во Битола пред десетина дена, ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институциите во Северна Македонија, а ние како Министерство со своите партнери го започнавме процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти кои наликуваат на топол семеен дом. Со ова, покажавме дека кога нешто се работи со посветеност успешно завршува. Процесот на вадење на сите деца од институциите ќе го завршиме една година порано од предвидениот рок. Во 2017 кога го почнавме процесот имавме 180 деца во институции. Сега ни останаа само уште 11 деца постари од три години и тие до крајот на годината ќе бидат згрижени во топол дом. Грижата за децата продолжува со многу поголема посветеност и љубов, изјави министерката Царовска при денешната посета во Битола.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска истакна дека со процесот на трансформација еден дел од Домот ќе се пренамени во детска градинка со капацитете за 80 деца.

Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионален Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита.

Со последите 5 мали групни домови во Битола во Северна Македонија се отворени вкупно 17 групни домови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...