Сите се невини за насилството во Собранието на 27 април, се изјаснија обвинетите

381
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Сите 31 обвинет на чиј товар се става делото терористичко загрозување на уставниот поредок, се изјаснија за невини, на денешното рочиште за насилството во Собранието на 27 април, лани каде сериозно беа повредени опозициски пратеници.

Меѓу обвинетите се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и организаторите на протестите Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Следното рочиште, судијката Добрила Кацарска, го закажа за 31 август со што ќе започне доказната постапка, каде како први сведоци ќе се појават актуелниот министер Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ташевска-Ременски и Павле Богоески.

Судијката Кацарска за месеците декември и јануари закажа вкупно 28 рочишта за овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...