Сите се загрижени за бракот на Меган и Хари…

Меган Маркл и принцот Хари на прв поглед изгледаат среќни, но многумина се сомневаат во нивниот среќен брак.

1240

Дури и обичните бракови можат да западнат во криза, а камоли браковите на членовите на кралското семејство во кое се вперени многу погледи.

Иако неодамна добија дете, и речиси секогаш се насмеани, нивните обожаватели, а и странските медиуми стравуваат дека бракот паднал во криза, а некои дури спомнуваат и развод.

Оваа двојка се запознала „на слепо“ во 2016 година, а за помалку од две години веќе беа свршени. Кралското семејство и јавноста се согласиле дека и двајцата непромислено „влетале“ во брак.

Причините што ги навеле медиумите биле дека тие биле лудо вљубени, а од друга страна, многумина помислиле дека имале притисок поради своите години и дека тоа е, всушност, причината. Секако нивната одлука предизвикала голема драма во семејството.

Како главна причина за кризата во бракот се наведува фактот дека поради нејзиното пребрзо влегување во истиот, Меган не успеала да се навикне на својата нова титула и многубројните кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон, пишува „Cheatsheet“ и додава дека на Меган тоа сега создава огромен притисок.

Напнатоста во бракот се должи и на честите расправии меѓу принцовите, кои пред да се појави Меган, имале многу хармоничен однос.

Она што ги навело обожавателите најмногу да поверуваат во разводот на кралската двојка е и тоа што принцот Хари неодамна го занемарил фактот дека неговата сопруга се обидувала да му каже нешто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...