Да се помине на пешачки премин во Скопје, особено во центарот на градот, е речиси невозможно! Едноставно, затоа што бојата на речиси сите пешачки премини е излижана и избришана и тие воопшто не се видливи. Само се претпоставува дека таму некаде би требало да има пешачки или според сеќавање, граѓаните знаат дека таму некогаш имало „зебра“.
Се поставува прашањето, како тогаш возачите да им застануваат на пешаците!?
Во центарот на Скопје и во околината нема пешачки премин кој е свежо обоен.
Градски власти, што чекате?
Фото: Плусинфо