Учениците кои сакаат да учат во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да полагаат калификациски испит, туку сите ќе бидат распределени во деветте паралелки, велат од Министерството за образование по одржаниот состанок со родителите на учениците кои неколку дена протестираа против претходната одлука на МОН да полагаат тест.
Проблемот во оваа гимназија настана кога за 285 слободни места, се пријавиле 400 кандидати, од кои 330 биле со сите петки. Родителите на учениците побараа од МОН да отвори дополнителна паралелка или да ги распореди учениците во постоечките девет одделенија, но нивното барањето до пред сосанокот во МОН не беше прифатено.