Сите кои вчера требаше да одат во Кривичен, ќе добијат покани со нови датуми

80

Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот.

-Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат дополнително покани откако расправите кои беа закажани за вчера ќе бидат презакажани за други датуми – соопшти Основен суд Скопје 1 – Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...