Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затворот Скопје го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули, дознава Сител.
Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.
Јанева и вчера напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.