Сириец со нож ја убил сопругата во бегалски камп кај Атина, па побегнал

224

Бегалец од Сирија, со нож смртно ја повредил неговата сопруга во бегалскиот камп Лаврио во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, инцидентот се случил синоќа, жената по инцидентот веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт, додека пак нејзиниот сопруг побегнал и полицијата трага по него, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...