Полицијата во Панчево уапсила 37-годишник поради сомнение дека синоќа во семејниот дом го убил својот 56-годишен татко.
Неофицијално, како што пренесува „Курир.рс“, синот по расправија и тепачка го турнал таткото, кој паднал и ја изгубил свеста.
– Несреќниот човек починал на пат кон болница. Неговото тело е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција – рекол извор на „Блиц“.
Истрагата е во тек.