Син подметнал пожар во станот на поткровје од зграда на улицата Веселин Маслеша во Скопје, вчера околу 18.15 часот, соопшти МВР.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека пожарот бил подметнат од О.Б. (57), кој претходно бил пријавен со поплака од неговата мајка Ј.Б. (78) затоа што ја бркал од станот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
О.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.