Трите деца ми ги нападнаа поради расна основа, статус на мајка го вжешти интернетот

585

Статус на мајка чии деца биле нападнати поради расна основа, се шири на интернет со осуда за насилниците. Луѓето се прашуваат како може ова да се случува во 21. век.

– Син ми и неговите брат и сестра биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20 години. Им го попречувале патот и ги нарекувале “niggers“. Син ми е удрен со многу силна тупаница по главата поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив. Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот. Јас како мајка случајот го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, овде, дома, нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа – напиша мајката на Фејсбук.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека таков случај има пријавено.

– Во Полициската станица Центар, вчера во 21.30 часот М.А.М.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на плоштад Македонија нејзиниот 13- годишен син, кој бил со своите брат и сестра, бил физички нападнат од две непознати лица – рекоа од МВР за Плусинфо.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...