Син го обил сефот на татка си и му украл 85.000 евра

467

Синот го ограбил сопствениот татко одземајќи му околу 85.000 евра од сефот во Тетово, соопшти полицијата.

Синот Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.

Целосно е расчистена тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово и најави дека ќе изготви соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...