Син го искасапил татко си, еден од најбогатите во Нови Пазар

2033
ФОТО: Фејсбук

Дваесет и петгодишниот син е уапсен поради сомнение дека со нож го искасапил својот 60-годишен татко, Неџиб Качар, некогашниот најбогат човек во Нови Пазар.

Телото на Качар било пронајдено ноќта помеѓу неделата и понеделникот пред неговиот дом. Убиениот бизнисмен на вратот и по телото имал видливи повреди нанесени со нож.

Како што дознава „Курир.рс“, за време на сослушувањето, осомничениот го признал злосторството.

– Постојат сомнежи дека синот во понеделникот околу два часот по полноќ, со нож во рацете, затропал на вратата на својот татко, кој живеел еден спрат под него. Кога сонливиот Неџиб ја отворил вратата, синот почнал да го боди во вратот и градите. Тешко ранетиот Неџиб почнал да бега кон приземје, каде живееле родителите на неговата сопруга. Паѓал, станувал и викал за помош, на крај паднал во дворот, каде искрварил – рекол за медиумот човек добро запознат со случајот.

Тој додал дека синот ладнокрвно се вратил во станот, за потоа да им се придружи на останатите членови на семејството кои се обидувале да му помогнат на Неџиб.

– Во решавање на случајот, за полицијата дополнителен проблем било тоа што во текот на ноќта повеќе лица влегувале и излегувале од зградата на Качар, бидејќи во неа имало неколку станови. Мотивот за убиството не е познат, но се претпоставува дека во прашање се долгогодишни расправии меѓу членовите на семејството. Убиениот бил со години во лоши односи со блиски лица, а пред неколку години пукал во куќата на сопругата, која го оставила. Поради тоа и лежел во затвор – рекол изворот.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...