Синот на Шумахер станува тест пилот на „Ферари“?

247

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Мик би можел да стане тест пилот на Ферари во Формула 1, објави „Аутоспорт“.

Според информација на медиумот, Шумахер помладиот ќе потпише договор со „Скудерија“, ќе стане член на академијата на тимот и ќе земе учество во тестовите на Формула 1 во текот на сезоната.

Се очекува во наредните денови „Ферари“ официјално да го објави договорот со германскиот пилот.

Деветнаесетгодишниот Мик Шумахер ја освои титулата во Формула 3 во октомври минатата година. Во 2019 година пак се очекува да дебитира во Формула 2 со Према.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...