Синот на пратеничката Мира Стојчевска не ги исполнувал условите за работата во ЕЛЕМ

1254

Комисијата за спречување на корупција утврдила неправилност при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ, пренесеТВ24.

Според извори на телевизијата, синот на Стојчевска не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.

Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...