Холивудската убавица Меган Фокс (33) уште во септември лани открила дека нејзиниот седумгодишен син Ноа Шенон Грин понекогаш носи фустани на училиште поради што останатите деца го задеваат.
– Тој дизајнира, црта модни комбинации и е многу талентиран, а има само 6 години. Ја обожава модата, понекогаш се облекува во фустани и обожава да ги носи, но само понекогаш. Го запишува во многу либерално училиште, но дури и тука во Калифорнија има момчиња кои го задеваат и му велат дека не треба да носи фустани или розова боја – објаснила тогаш Меган во една емисија.
Една од најсексапилните холивудски актерки има три сина со 46-годишниот сопруг Брајан Остин Грин, а често истакнува дека сите тројца ги воспитува да имаат голема самодоверба и сами да го изберат животниот пат.
Фокс вели дека своите синови ги воспитува многу либерално и ги поттикнува да бидат она што се, без оглед на коментарите од околината.
Папараците неодамна го фотографирале Ноа како со неговиот татко пристигнува на еден детски роденден во Калифорнија, а малечкиот носел фустан во стил на принцезата Елса.
Многумина коментирале дека толкава самодоверба за момче во оваа фаза од животот е импресивно, додека други имале негативни коментари.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм