Синот на кралицата Елизабета Втора: Немав секс со малолетната Американка

228
ФОТО: ЕПА

Британскиот принц Ендру првпат во интервју за Би-Би-Си, одговори на прашања во врска со врските со осудениот педофил Џефри Епстајн, во кои призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Во едно од ретките интервјуа синоќа, принцот Ендру категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна. Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години – во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени Острови.

– Тоа не се случи. Јас категорично можам да ви кажам дека такво нешто не се случило – изјави принцот Ендру, истакнувајќи дека не се сеќава дали некогаш ја сретнал неа.

Принцот Ендру со месеци е под притисок поради врските со Епстајн, 66-годишен американски финансиер, кој, откако беше обвинет за сексуално злоставување малолетни лица, се самоуби во август во затвор во Њујорк.

Во 2010 година, принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета Втора, беше фотографиран како шета со Епстајн во њујоршки парк, две години откако финансиерот беше осуден за подведување малолетничка.

Photo: EPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...