По гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и во емисијата КОД на Телма ТВ, обвинителката Вилма Русковска, денеска имаше интервју и на Сител ТВ.
Таму таа откри уште еден детал за случајот „Рекет“ за вториот телефон кој го бараа нејзините истражители.
Русковска истакна дека судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ. Таа нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“. Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон ѝ е изгубен во Белград.