Џејден Џејмс Федерлајн, 13-годишниот син на американската пејачка Бритни Спирс (38) и нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн (41), во вторникот во текот на 20-минутниот пренос во живо на Инстаграм го нападнал својот дедо Џејми Спирс (67), пишува Page Six.
Сè почнало кога еден од следбениците му напишал: „Убиј го дедо ти“, а Џејден на тоа му одговорил: „Брату, размислував за тоа“.
Еден од следбениците потоа го прашал дали неговиот дедо е „кретен“, на што Џејден му одговорил: „Да, тој е голем кретен. Може да умре“.
Џејми Спирс во 2008 година беше именуван за старател на Бритни во сојузната држава Калифорнија. Лани требаше да го преземе старателството врз неа и во сојузната држава Лузијана, а рекол дека планира истото да го направи на Хаваите и во Флорида. Меѓутоа, статусот на старател, на Џејми поради болест привремено му беше укинат во септември лани, а старателството врз пејачката го презема нејзината менаџерка Џоди Монтгомери.
Во текот на животот, Бритни се бореше со зависности.
На крајот на 2007 година го изгуби старателството врз своите синови, но не сакаше да му ги предаде на поранешниот сопруг Федерлајн. Полицијата на почетокот на 2008 година беше повикана во нејзиниот дом и пејачката беше хоспитализирана откако полициските службеници забележале дека е под влијание на непозната супстанција.
По краткиот принуден престој во психијатриска клиника, Бритни беше пуштена, но под старателство на нејзиниот татко Џејми, кој ја презеде контролата врз нејзините средства.
Џејден открил дека ја видел мајка му пред два дена, но и дека во моментот живее со татко му.
– Го имам најдобриот татко на светот. Мојот татко е буквално Исус – рекол Џејден.
Го пофалил и сегашното момче на мајка му, Сем Асхари (29), како и баба му.
Џејден и неговиот брат Шон Федерлајн имаат напнат однос со својот дедо, кого Кевин Федерлајн еднаш го обвини за злоставување на Шон.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм