Синот на Рон Илиј, кој го глумеше Тарзан во истоимената ТВ-серија, неговиот син Камерон (30) ѝ нанел повеќе убоди на сопругата на актерот, односно на својата мајка Валери Илај (62). Валери и Рон биле во брак 35 години и имаат три деца.
Американскиот портал ТМЗ пишува дека актерот успеал да ја повика полицијата, а кога полицајците пристигнале, Камерон и понатаму претставувал закана па дури четворица полицајци отвориле оган и го убиле на лице место.
Не е познато кој бил мотивот на синот на актерот за да ја убие својата мајка, а полицијата на Санта Барбара покренала истрага.
Рон Илај (81) беше ѕвезда на серијата „Тарзан“ во шеесетите години, а потоа играше во серијата „Док Севиџ“ и беше домаќин на изборот за Мис на Америка.