Синдикат на клинички: Зголемување од 5 отсто не прави плата од 100.000 денари

Со покачување од 5 отсто сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38 827 денари би изнесувала 40 767 денари, односно истата би се зголемила за 1940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18 027 денари би изнесувала 18.927 денари.

247

Синдикатот на клинички центри ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13 286 денари со исплата на септемвриската плата и ја прифаќа исклучиво како таква.

Како што наведува во соопштението, за овој синдикатоте неприфатливо покачување на основната плата во здравството од 5 отсто за 2018 година, кое доколку така е планирано од Владата би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година.

За Синдикатот на клинички центри не се прифатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата.

„Со покачување од 5 отсто сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38 827 денари би изнесувала 40 767 денари, односно истата би се зголемила за 1940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18 027 денари би изнесувала 18.927 денари, односно истата би се зголемила за 900 денари“, се наведува во соопштението.

Според синдикатот, за да се оствари програмата на Владата 2017-2020 година за „двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1 600 евра до 2020 година“, во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146 отсто, а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91 отсто.

„Со оваа динамика и вакво скалесто покачување останува нејасно како ќе се спроведе оваа програма на Владата на која Синдикатот на клинички центри во областа на здравството во целост ја поддржува”, се вели во соопштението на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...