Синдикатот на Клинички бара на само средба со Заев

231

Синдикатот на Клинички центар бара середба со премиерот Зоран Заев на која нема да присуствуваат Синдикатите и наведува дека го прекинале протестот поради започнатата постапка за владение на паркингот на ЈЗУ на Клинички центар и договорената средба на нивниот синдикат со премиерот.

– Во врска со таа средба, премиерот на изненадување на Синдикатот на Клинички центар изјави дека на таа средба ќе разговара со Синдикатите. Средбата ја инцираше и бараше Синдикатот на Клинички центар. Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални различни ставови и барања,   постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на  двата синдикати на тој состанок. Поради тоа и поради актуелната состојба, Синдикатот на Клинички центар е на став дека на оваа средба треба самостојно да преговара со премиерот Заев, соопшти Синдикатот на Клинички.

Од таму додаваат дека за ова  во два наврати побарале од министерот за здравство да го информира премиерот за ставот на Синдикатот на Клинички центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...