Синдикатот во здравството бара едно покачување на платите во ноември и второ во јануари

262

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита бара корекцијата на платите за три отсто со ноемвриската плата и дополнителни 16 отсто за сите вработени во здравството, согласно коригираниот процент на минималната плата во државата.

„Останувајќи доследен на своите синдикални определби и социјалниот дијалог со посебен акцент за подобрување на општествено социјалната положба на вработените во здравствената дејност Советот расправаше и побара: корекција на платите за 3 отсто кои останаа нереализирани по направеното зголемување на платите во јануари 2019 година за медицинските сестри и другите здравствени работници со средно, вишо и високо образовани. Истата корекција се побара да биде реализирана и за лекарите од општа пракса. Притоа, Советот беше едногласен оваа корекција да биде пресметана со платите за ноември кои ќе бидат исплатени во декември оваа година“ се наведува во соопштението од Синдикатот.

Советот, се додава, побара и јануарските плати во 2020 година да бидат коригирани за 16 отст за сите вработени во здравството, согласно коригираниот процент на минималната плата во државата.

„Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, кој се грижи за сите вработени во дејноста очекуваме реализација на нашите барања од надлежност на Министерството и Владата на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...